Славески истакна дека во Македонија се случувва „сосема спротивен тек на настаните“.
– Нема ништо лошо во спроведување на проекти, дури и програми, но ако тие се во согласност со вашите идеолошки определби, ако се тргнува од најчесни намери. Намерите на СДСМ не беа чесни, во смисла на тоа што нивните претставници уште кога беа во опозиција критикуваа дека наводно со воведување на рамниот данок, кој што ние го воведовме се зголемила нееднаквоста во Република Македонија. Напротив според податоците на Светска Банка објавени во нивни публикации, нееднаквоста во распределбата на доходот во Република Македонија мерена според т.н. БДП коефициент се намали од 43% во 2007 година на 34% за 2015 година. Тоа е сосема спротивен тек на настаните, истакна Славески.
Славески посочи дека СДСМ во период кога беше опозиција велеше дека со рамен данок се зголемила сиромаштијата. Напротив стапката на сиромаштијата во истиот период значи 2007 – 2015 според Светска Банка е намалена за 5-6 процентни поени.
– Чуди тоа што сепак се охрабрија, кога видоа дека се соочија тие со катастрофални резултати со губење на приходи од воведување на висока стапка на данокот на личен доход, за плати над 90.000 денари, отстапија, што е редок случај во светската практика, имено во текот на само од 9 месеци режим на оданочување така радикално да се промени. Но, како што слушам деновиве сепак не се откажаа од таа идеја која што разработуваа повеќе години, со навестување дека ќе го воведуваат пак данокот. Тие дури и препорачаа зголемување на даноците, рече Славески.
Славески додаде дека срамота е во период на криза власта да зголемува даноци на граѓаните, кога граѓаните се без работа, со намалени плати или воопшто немаат земено плата.
Славески потсети дека власта ветуваше раст од БДП 5% секоја година но резултираше со просечен раст од 0.7% за четири години.
– Податоците за БДП ги имаме за четирите години, заклучно со 2020-та година. И имаме негативна стапка на раст. Стапката на раст од ветените 5% годишно е само 0.7%. Ако се остварија ветените 5% раст на БДП тоа ќе значеше зголемување на животниот стандард. Но ние имаме само загуба. Причината за ова е што Владата предводена од СДСМ и ДУИ на чело со Заев немаше јасен план, немаше модерен пристап како да ја подржи македонската економија од самиот старт, нема современи развојни политики, и од тука без одреден концепт кој што треба партиите да го подготвуваат кога се во опозиција сето е само губење на време и маркетинг, појасни Славески.