Репрезентацијата на Данска запиша победа против Чешка со 2-1 и обезбеди полуфинале на ЕУРО, играа во Баку, а на домашен терен, во Копенхаген, навивачите бурно ја слават победата.
Данците ќе играат во полуфиналето на Европското првенство за прв пат од 1992 година, кога го освоија турнирот. Оттогаш, тие не се пласираа на евро-шампионатите двапати (2008, 2016), беа елиминирани трипати во групната фаза (1996, 2000 и 2012 година) и еднаш стигнаа до четвртфиналето (2004 година).