Согласно со Законот за празниците, 8 декември кога се слави Свети Климент Охридски е државен празник и е неработен ден за сите граѓани.
„Со оглед дека годинава датумот на празникот се паѓа во недела, неработен ден е понеделник (9 декември). Тоа значи дека викендов што е пред нас е продолжен и ќе трае три дена“, информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.