Словачките лекари ќе се состанат в понеделник за да ја проценат здравствената состојба на премиерот Роберт Фицо и ќе разговараат за негово евентуално префрлање од Банска Бистрица во Братислава.
Фицо останува во стабилна, но многу сериозна состојба и може да збори по малку, изјави идниот словачки претседател Петер Пелегрини два дена по атентатот што ја шокираше Европа. Словачкиот премиер беше застрелан неколкупати во гратчето Хандлова и оттогаш лежи во болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран.
Ова беше првиот атентат врз политички лидер во Европа по повеќе од 20 години и укажа на големите поделби кои постојат не само во Словачка, туку и на целиот континент.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Фицо се наоѓа меѓу животот и смртта.
„Дури и ако заздрави, Фицо нема да може да се врати на работа со месеци. Ова се клучни времиња. Пред нас се изборите за Европскиот парламент и американските избори кои можат да го одлучат курсот на мирот и војната во Европа“, изјави Орбан.
извор: СДК