Часовите ќе започнат повторно во основните училишта, додека во средните училишта ќе се воведе алтернативен модел според кој групите средношколци кои доаѓаат на училиште ќе се менуваат еднаш неделно со оние што слушале часови дома.
Факултетите и средните училишта ќе имаат нешто построг режим на настава со помали групи до 10 студенти, односно ученици.
Повторно ќе бидат отворени продавниците и културните институции, а ќе биде укината и забраната за спортски активности со најмногу 10 лица.
Баровите и рестораните ќе можат да доставуваат храна и пијалоци.
Носењето заштитни маски во затворен простор останува задолжително, но носењето маски на отворено е укинато, мерка што беше многу непопуларна во Словенија за време на полицискиот час.