Од 1 до 11 април во Словенија нема да работат неесенцијалните продавници и служби, најголем дел од јавната администрација ќе работи од дома, а користење на годишните одмори е препорачан за државните и приватните фирми.
Се враќа наставата од далечина, додека децата, чие родители се вработени во важната државна инфраструктура, ќе бидат згрижени во градинките и училиштата.
Ќе биде забрането движење надвор од регионот, освен за Велгиден кога ќе биде дозволено собирање на шест лица од две домаќинства заедно со децата.
Повоторно се воведува задолжително носење на заштитни маски на отворено.
Од утре Словенија ја засилува и конторолата на надворешните граници поради, како што наведе премиерот Јанез Јанша, „алармантната состојба“ во некои држави од Западен Балкан. Во Словенија ќе може да се влезе само со негативен ПЦР тест.
Во Словенија во изминатите 24 часа потврдени се 640 новозаразени, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата се искачи на 212.678 инфицирани со Ковид-19. Во истиот период регистрирани се седум смртни случаи, со што вкупниот број изнесува 4.018.