Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 22 часот ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 75-годишна свекрва, дека во нејзиниот дом, таа и се заканувала, информира МВР.
Д.П. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
