Граната која падна на границата меѓу Израел и Либан уби снимател на Ројтерс.
Снимателот загина додека работел во јужен Либан.
„Длабоко сме погодени од веста дека нашиот снимател Исам Абдалах е убиен“, стои во соопштението
Исам беше дел од екипата на Ројтерс во јужен Либан која известуваше во живо.
Во Појасот Газа загинаа најмалку седум новинари, а десетина се повредени. Во саботата палестинската терористичка организација Хамас почна со напади на Израел.