Потврдена е смртта на едно лице, а досега од урнатините се спасени околу 40 лица. Меѓу нив и едно момче. 100 лица засега се водат за исчезнати.
Гувернерот на Флорида, Рон Десантис изјави дека во соработка со Црвениот крст е организирано привремено сместување за сите оние кои останале без дом поради уривањето на зградата во Сурфсајд.
-Навистина, навистина е трауматично да се види вакво рушење, додаде тој.Следните чекори ќе вклучуваат соработка со градот, округот и сојузната држава за да се осигурат долгорочните потреби на оние кои настрадаа, рече гувернерот.
-Спасувачките екипи сè уште напорно работат и бараат луѓе во урнатините, заклучи Десантис.
Новинар на Фокс, Енди Слејтер објави на Твитер снимка од моментот кога се руши зградата во Сурфсајд, Флорида
Зградата од 12 ката и 136 станови во градот Сурфсајд во близина на Мајами бич се урна среде ноќ. Уништени се 55 станови.
Роузи Сантана, сопственичка на стан во делот на зградата што се сруши во Сурфсајд, објави видео на Твитер снимено од надзорна камера.
Видеото од 13 секунди е снимено од камера активирана од сензор за движење и е инсталирана во двособен стан во сопственост на нејзиното семејство на седмиот кат на заградата во Сурфсајд.
Парагвајското Министерство за надворешни работи соопшти дека не е познато каде се шестмината Парагвајци кои се наоѓале во објектот што се срушил.