Со разрешувањето на овие заменици-министри се заокружува и третата точка од дневниот ред на собраниската седница посветена на реконструкција на Владата. Пред пратениците останува уште четвртата точка од дневниот ред на 104. седница која предвидува избор на нови нови заменици-министри во пет ресори.

Досегашните заменици-министри за одбрана Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини и за образование и наука Лулзим Алиу се разрешени од своите функции.

Од вкупно 103 пратеници присутни во собраниската сала, „за“ разрешување на тројцата заменици на министри гласаа 62 пратеника. „Против“ нивно разрешување или воздржани пратеници немаше.

Со разрешувањето на овие заменици-министри се заокружува и третата точка од дневниот ред на собраниската седница посветена на реконструкција на Владата. Пред пратениците останува уште четвртата точка од дневниот ред на 104. седница која предвидува избор на нови заменици-министри во пет ресори.

Пратениците сега треба да се произнесат за предлогот на премиерот Ковачевски дали Тирон Јајага да биде заменик-министер за одбрана, Вјолца Бериша да биде заменик-министерка за земјоделство шумарство и водостопанство, Агим Нихиу да биде нов заменик на министерот за образование и наука, како и дали Викторија Аврамовска Мадиќ и Маја Манолева да бидат нови заменик-министерки во ресорите Правда и Здравство.

Образложувајќи го својот предлог, премиерот Ковачевски од собраниската говорница истакна дека со изборот на новите заменици-министри се заокружува реконструкцијата на Владата којашто, како што кажа, ќе продолжи уште поефикасно да ги спроведува реформите во интерес на граѓаните.

„Благодарам на прогресивното парламентарно мнозинство за поддршката, со што се потврди дека во овој состав на Собранието на Република Северна Македонија има доминантно мнозински прогресивен капацитет, со потенцијал ваквото мнозинство да расте. Ако се даде шанса на совеста, верувам дека овој парламентарен состав има уште поголем прогресивен капацитет, со што заедно можеме да ги осигураме европските перспективи, што значи економскиот развој на државата и животниот стандард на граѓаните“, рече Ковачевски од собраниската говорница.

Ковачевски, меѓу другото, пред пратениците зборуваше и за постигнувањата на оваа Влада на економски план во состојба на криза и за отворањето на преговорите со ЕУ.

Со излагањето на премиерот започна точката за избор на на нови заменици-министри, за која за збор се пријавени 36 пратеници.