Полицијата уапси 24-годишен жител на скопско село, осомничен дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка околу 20 метри, при што таа се здобила со телесни повреди. Настанот се случил во село во Општина Петровец, а повредената жена била пренесена во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ за лекарска помош.

Според полициските информации, осомничениот бил лишен од слобода на 25 јули 2026 година во 20:30 часот. Инцидентот, според пријавеното, се случил околу 18:50 часот истиот ден.

„На 25.7.2026 година во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото. Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош“, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.