Истата, како што велат, на повторување била дадена токму од компанијата АД – ЕСМ.

-Имено се работи за судска одлука со која треба работодавачот АД ЕСМ да обезбеди услови за работа и задршка на членарина за Самостојниот синдикат на Работниците од Енергетика,Рударство и Индустрија на Македонија-ССЕРИ – Синдикални организации на АД ЕЛЕМ и Синдикалните подружници. Во оваа постапка работодавачот како клучен момент за повторување на постапката ја наведува изјавата на претходниот претседател кој изјавува дека немало попречување во спроведување на синдикални избори, дека членството се самоорганизирало и преминало во друг синдикат, дека немало попречување и одземање на синдикални канцеларии и многу други небулози и лаги, кои судот ги препозна и во целост ги отфрли, велат од ССЕРИ.

Посочија дека изјавата на претходниот претседател за жал е уште еден доказ како не треба и несмее да се однесува синдикален лидер, што е доказ дека не смее да се става каприцот пред општеството.

-За на крај би го издвоиле заклучокот од судот во кој се нотира: ‘овој суд смета дека дадената изјава на Димче Дамчевски е во насока да му помогне на предлагачот-тужениот во донесување на поинаква одлука, а со цел избегнување на исполнување на обврските кои произлегуваат од донесената првостепена пресуда на овај суд која е потврдена со пресуда на Апелациониот суд Скопје, што е видно од доказите кои полномошникот на противникот-тужителот ги достави на рочиштето по предлог за повторување на постапката од 01.10.2021 година, а кои се во врска со извршувањето на правосилната пресуда на овој суд.