Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на акциската контрола за брзина на движењето на возилата полициски службеници на СВР Тетово од 22.00 часот на 11.06.2022 од 02.00 часот на 12.06.2022 со т.н. ноќен радар, вкупно се изречени 96 мерки (ТЕ-66 и ГВ-30).
Според соопштението на МВР, од нив 41 мерка (ТЕ-23 и ГВ-18) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Меѓу нив, шест возачи (ТЕ-4 и ГВ-2) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час над дозволеното.
– Во контролата биле откриени и санкционирани и 55 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-43, ГВ-12) во населено место, а санкционирани, исто така, биле и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-2), стои во соопштението.
Од СВР Тетово апелирааат до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да ги почитуваат важечките знаци на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, како и на регионалните и локалните патишта и на тетовските и гостиварските улици.