На подрачјето на градот Скопје вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман.
Активностите ќе продолжат и во наредните денови, информираат надлежните.
Од Град Скопје информираат дека сите активности се реализираат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје и одобрен од здравствените власти.
Во текот на сезоната досега се реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци, меѓу кои и авионски и теренски дезинсекции.
Според најавата, до крајот на сезоната ќе бидат извршени повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со цел континуирано намалување на нивната бројност и заштита на здравјето на граѓаните.
– Продолжуваме навремено и системски да работиме на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните, порача градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
