Со 95 гласа „за“ и 7 против, Собранието го усвои предлог законот за одложување на пописот да се донесе по скратена постапка, додека измените на Изборниот законик во делот на одложување на локалните избори за втората половина на октомври, беше усвоен едногласно со 102 пратенички гласа.
Образложението за одложување на пописот е поради имунизацијата на граѓаните и состојбата во државава поради пандемијата со ковид-19.
Локалните избори пак, се одложуваат за втората половина на октомври поради одложувањето на пописот. Локалните избори првично требаше да се оддржат во првата половина на октомври.
Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива пратениците да не го гласаат одложувањето на пописот.
– Чувствувам морална обврска да се обратам за предлог законот за попис за кој за жал се бара иницијатива која е во спротивност со реалноста. Предлогот доаѓа по среднбата на двајцата лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски, без став на Комисијата за заразни болести и претходните изјави на Заев дека пописот може да почне. Барам точката за попис да се тргне од дневен ред и пратениците да не гласаат за одложувањето на пописот – рече Реџепи.