Пратениците ќе гласаат измени на закон со кој возачките дозволи ќе важат до крајот на годината. Со 88 гласа „за“ предлогот се најде на седница, а потоа беше пратен на разгледување на комисиите. Ќе се носи по скратена постапка. За законот има консензус од сите политички партии.
„Се работи за мали измени на законското решение, во одредбата каде што стои 12 февруари, се заменуваат со 31 декември 2024 година или до крајот на годината. Сметаме дека ова законско решение кое ќе помогне во надминување на проблемите со личните документи, ќе донесе намалување на напнатоста и редиците на чекање“, рече Никола Мицевски.
Законското решение откако ќе биде разгледано на матичните комисии, ќе биде ставено на гласање на пленарна седница. Продолжението на пленарната седница ќе биде во 16:20 минути.
И претседателот на државата Стево Пендаровски во изјава за медиумите рече дека ќе се продолжи важноста на возачките дозволи за 10 месеци.
Можам да ве информирам дека сите пратенички групи безмалку сите дадоа поддршка, денеска во 17 или 18 часот е закажана седница на парламентот колку што јас знам, на која ќе се донесе измена на законот за возачки дозволи со која ќе се продолжи рокот за важење во внатрешноста на државата. Мислам дека во законот ќе стои 10 месеци плус, треба да се сменат во тие 10 следни месеци околу 270 илјади возачки дозволи и тоа е изводливо“, изјави Пендаровски.
Како што додаде Пендаровски, добро е што се оди конечно во добра насока и што партиите постигнаа консенуз коj што е од значење за сите граѓани.