Социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе почне да функционира на 21 февруари. Медиумот се нарекува TRUTH Social и се раководи од Trump Media & Technology Group.

Тоа е извесна алтернатива на Фејсбук, Твитер и Јутјуб, кои го блокираа Трамп затоа што ги поттикна своите поддржувачи на насилство пред упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавија американските медиуми. Ќе работи на принципот на микроблогирање, корисниците ќе можат да следат други корисници, да поставуваат објави и да додаваат фотографии, линкови до видеа и статии.

Креаторите на платформата уверуваат дека социјалната мрежа ќе се стреми да биде платформа за што поголем опсег на мислења. Мрежата почнува со работа кога САД го слават Денот на претседателот (третиот понеделник во февруари).