пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ
Ова е доказ за декаденцијата која нивните татковци скоро две децении ја шират како смрдеа во нашето општество. Ова е класичен анти-социјален олош.
Јасно е дека тоа го прават затоа што им се може! Крадењето на нивните родители ги донесе до ниво ги имаат огромни пари на располагање, пари со кои може да прават што сакаат. Светот е нивни, тие не гледаат на реалноста до нашите очи, ги немаат нашите проблеми и вредности. Имаат комплетно измрдан поглед кон реалноста. Па само еден од автомобилите во колекцијата им е поскап од просечен стан на просечно македонско семејство.
Не е проблем човек да е богат, проблем е кога е богат благодарение на криминал. Тогаш се однесува токму вака!
Се додека тој криминален имот не се конфискува, Мијалкови ќе не тероризираат.
Социопатскиот код може да функционира само додека има пари.