Ве повикувам на едноминутно молчење во почит на жртвите, изјави Дафина Стојановска од ВМРО ДПМНЕ, пред протестот пред Министерството за здравство.
Филипче стана министер за мототрки и знам дека тој нема срце и душа да не разбере, тој има срце и душа за пусти проклети пари. Нема доблест да се извини, рече Стојаноска.
Оставка, оставка извикуваа учесниците на протестот.
Тој дури проба да ја префрли одговорноста, си се вози со мотори, а Македонија плаче. Друштво му прави и Заев. Двоецот Заев Филипче вчера се надминаа себе си во својата неиживеаност, па со хелихоптер слетаа во Прилеп . Има ли победен премиер кој асдисува, а Филипче се вози и стана министер за мототрки. Луѓето на Заев одат на одмори од друга страна, нека појдат кај семејствата на починатите и ова нека им го соопштат, изјави Стојаноска.
Вака ли ќе ни функционира здраството?. Сакам одовде да им порачам дека за македонскиот народ со векови бил на маки и станал појак, За македонскиот народ се знае дека кога му било најтешко пеел, изјави Стојаноска.
Се дрзнавте да договарате профит од набавката на вакцини. Подговувајте се за одговорност, изјави Стојановска.