По сомнежите за намерно палење на депонијата Дрисла, ќе има и одговорност.
Како што дознаваме, во моментов на разговор во СВР СКопје се повикани директорот на Дрисла и повеќе вработени во депонијата.
Депонијата Дрисла се запали пред неколку дена, по што низ цело Скопје се чувствува непријатна миризба.
Продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадење, кое според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов е намалено, но се уште присутно.
-Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадењето а кој е со величина приближно колку фудбалско игралиште. Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но се уште присутно. Од она што можам да го забележам на лице место во депонијата Дрисла, двата земјени пристапни патишта кои во текот на вчерашниот ден беа изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичното место, информира во пишана изјава Ангелов.
Преземено од Курир