Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет.

Утринските температури ќе се движат од -7 до 0 степени, а дневните од 2 до 12 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег. Максималната дневна температура ќе биде 10 степени.

За утре претпладне метеоролозите најавуваат локален слаб снег и дожд, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Утре во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето, а во сабота повторно ќе има повремени врнежи претежно од снег. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните денови ќе се задржи студено време со ниски утрински и дневни температури.