Времето денеска ќе биде сончево и топло, во источните делови со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
УХМР најавува дека во вторник во текот на ноќта, а особено во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер.
Повремени врнежи ќе има потоа и во следните два дена. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање.