Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

В четврток утринската температура ќе биде од минус три до пет степени, по што постепено ќе се зголемува и ќе се движи од два до 10 степени.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.