Времето денеска со студено утро а преку денот ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и релативно топло време.

Во недела попладне и во понеделник облачноста ќе се зголеми, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени. Од вторник температурата повторно ќе биде во постепен пораст.