Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска околу 15:30 часот преку единствениот број за итни повици 112 е пријавено паднато дрво на улицата „Вера Јоциќ“ во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“.
Според првичните информации, дрвото предизвикало материјална штета на три возила и го попречува сообраќајот на наведената локација.
– Според првичните информации, дрвото го блокира сообраќајот, а се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад. За настанот известени се СВР Скопје и ЈП Паркови и зеленило. Од МВР ќе направат увид, а екипа од ЈП Паркови и зеленило ќе го отстрани дрвото од коловозот, стои во соопштението на ЦУК.
