АМСМ соопшти дека од 18:35 часот сообраќајот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп – Градско, се одвива наизменично.

Претходно попладнево, од 16:50 часот, на овој патен правец, во атарот на селото Тројаци, поради сообраќајна незгода, сообраќајот беше во целосен прекин.