Во прекин е сообраќајот од село Прждево кон Демир Капија, информираат од авто мото сојуз на Македонија.

Oд 12:10 часот на регионалниот пат 1102 заради сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин во двата правци.

Засега сè уште нема информации за состојбата на патниците. Се очекува АМСМ да ги соопшти деталите.