Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, како што информираат од АМСМ, е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На 15 ноември, како што потсетуваат од АМСМ, почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, што ќе трае до 15 март 2022 година.