Во 2.45 часот ноќеска било пријавено дека во Кавадарци на ул.„Ѓорѓи Соколов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(25) од Кавадарци и мопед „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.