Премиерот Димитар Ковачевски излезе од бизнисот со фотоволтаици, но, неговата сопруга, Елена Ковачевска, влегува во бизнисот со производство на електрична енергија. Ковачевска е една од петте сопственици на компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“, која планира да гради енергетски капацитет со моќност од 1.8 мегавати во радовишкото село Раклиш, објави А1 он.

Документите покажуваат се работи за пет катастарски парцели кои компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“ ги купила на 22 декември 2020 година од лицето Димитар Тренчев.

Со оглед на тоа дека купопродажбата е извршена преку нотар од Радовиш, не успеавме да ги добиеме и купопродажните договори со цел да провериме колкава била почетната инвестиција на компанијата за купување на земјиштето. Покрај Ковачевска, лицето Димитар Тренчев исто така се појавува како еден од основачите и сопствениците во компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“, формирана во октомври 2020 година.

Само два месеца подоцна, Тренчев ѝ ги продава на компанијата парцелите, во која е и косопственик. Според податоците од Централниот регистар, во компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“ има пет сопственици. Покрај Елена Ковачевска и Димитар Тренчев, како сопственик се појавува и Кирил Паунов, син на кумот на Ковачевски, кој е заведен и како управител на компанијата. Во низата сопственици е и името на Светлана Тунџева, која е сопруга на директорот на Агенцијата за катастар за недвижности, Борис Тунџев, пишува А1он.

Според урбанистичкиот проект, за изградба на фотонапонската електрана е предвидено да се вградат фотонапонски модули од производителот „Пиксел гроуп“, компанија на кумот на премиерот Ковачевски, Горан Паунов.

Целиот текст ТУКА