Oва не е развоен буџет, туку е инфлаторен, затоа што основата на неговото димензионирање е инфлацијата. Тие велат ќе имаме зголемени буџетски приходи поради зголемена инфлација и таа ја проектираат на ниво од 7,1% што значи дека сиромашните граѓани дополнително ќе ги осиромашуваат преку даноци и тие даноци ќе ги прибираат за нетранспарентно трошење на буџетот, бидејќи немате вака отворени денови да видите каде ќе се троши буџетот, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Велат дека растот на БДП ќе достигне стапка до 5%, а истата таа Влада, истото тоа министерство вели дека следната година ќе имаме раст од 2,9%, значи огромна е грешката. Тоа кога ќе го претворите во пари значи неколку стотици милиони евра. Ако премиерот вели 5%, а министерството за финансии вели 2,9%, грешката помеѓу едниот и другиот орган е повеќе од неколку стотици милиони евра, додава Мицкоски.