На екс министерката Гордана Јанкуловска, како и на останатите затвореници од женски пол им е оневозможено да ги користат законските погодности коишто ги имаат затворениците мажи, како посети надвор од установата, одмор и работно ангажирање. Ова неодамна го посочи Комисијата за заштита од дискриминација, а на оваа тема вечерва, во емисијата „360 Степени“ на Алсат, говореше и сопругот на Јанкуловска, Влатко Илиевски.
Осудените лица се третираат како граѓани од трет ред. Ги множат со нула. Никој не се грижи за нивните законски загарантирани права. Со оглед на тоа дека станува збор за женскиот дел од осудените лица, кадешто изминативе години немало звучни имиња коишто би можеле да го артикулираат овој проблем, биле оставени сами на себе. Тука работата не си ја завршиле ниту Народниот правобранител, ниту Хелсиншки, ниту други органи“, вели Илиевски.