Одржавме состанок посветен на реформската агенда, на кој се дискутираше за клучните приоритети, тековните активности и следните чекори за унапредување на реформските процеси, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

-Во фокусот беа подобрувањето на институционалната ефикасност, спроведувањето на стратешките мерки и зајакнувањето на соработката меѓу сите вклучени страни. Ја потврдивме заложбата за продолжување на реформите во насока на одржлив развој и европски стандарди, објави Мицкоски.