Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски денеска се сретна со Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

На средбата беше споделена радоста од позитивниот развој на процесот на препознавање и прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, соопштија од Комисијата.

-Во пресрет на долгоочекуваното сослужување на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија на 12 јуни во патријаршиското седиште во Фанар, се разгледаа досега преземените подготвителни активности, по што се заклучи дека се е подготвено за големиот ден кога ќе се официјализира историската одлука на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј за прифаќање на нашата славна и древна Охридска архиепископија во литургиско и канонско единство, информираат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.