Во заедничката изјава по повод утрешниот 3 мај – Светски ден на слободата на печатот, тие потсетија дека правото на слобода на изразување е содржано во членот 10 од Европската конвенција за човекови права, на која се обврзаа сите 47 земји-членки на Советот на Европа, вклучително и 27 членки на Европската унија.
-Во демократија, новинарите играат витална улога во откривањето на вистината и повикувањето на властите на одговорност. Нивната работа е да обезбедат граѓаните навремено да добиваат точни и веродостојни информации, што е уште поважно во контекст на пандемијата на Ковид-19, се додава во соопштението.
Оценето е дека медиумите треба да бидат слободни детално да го проучуваат и критикуваат одговорот на властите на кризата, но како што беше потврдено од последниот извештај на граѓанските организации кои соработуваат со Советот на Европа, многу новинари се соочуваат со зголемени опструкции додека ја исполнуваат оваа важна улога во текот на пандемијата.
-За жал, исто така, сведоци сме на зголемен број напади и закани кон новинари кои известуваат од протести, што е неприфатливо. Сега, од кога било, е поважно новинарите да можат слободно и безбедно да си ја вршат својата работа, се вели во соопштението.
Промовирањето на слободата на изразување низ цела Европа е клучна цел на Советот на Европа, со кој моментално претседава Германија, се додава во соопштението и се истакнува дека паралелно со излегувањето од пандемијата сите влади мора заеднички да работат на зајакнување на слободата на изразување