Препораките говорат да не се позајмуваат пари на пријатели и роднини, ако не сакате да ги одредувате условите за враќање и ако Ви е непријатно да ги побарате назад, за да не ги расипете блиските односи, смета психотерапевтката Ана Стори.
– Доколку, сепак, треба да дадете заем, таа советува да подготвите писмен договор во кој ќе се наведе износот и условите за отплата на заемот. Доколку не го направите ова однапред, бидете подготвени да не Ви се вратат парите, предупредува психологот. „Од друга страна, не би требало да има проблем со отплатата доколку сте сигурни дека вашиот близок е свесен за својата одговорност и се однесува како возрасен“, додава таа.
Ако Вашиот пријател е навреден од тие услови – очекувајте дека парите или нема да бидат вратени, или ќе бидат, но не наскоро.
– Личноста во овој случај ќе продолжи да се однесува незрело и ќе се обиде да направи – Вие да се чувствувате виновни. Во овој случај вие одлучувате дали ќе дадете пари или не, со тоа што ако дадете, „ќе ги дарувате“, и не ги позајмувате!, објаснува Ана Стори.