Од Советот на амбасадори денеска соопштија дека со големо задоволство ја примиле веста објавена на твитер од страна на амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер, дека тимот за санкции од Вашингтон веќе е во РСМ и по агресивно ќе ги разгледува досејата на поранешни и актуелни корумпирани политичари и да ги дава сите можни одговори.
– Совет на Амбасадори црвсто ги поддржува констатаците на амбасадорот на САД Агелер, на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и амбасадорите на некои земји членки на Унијата, јавно изнесени на разни конференции и дебати, како и констатациите изнесени во годишните извештаи на ЕУ, дека на правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот, наведоа од Советот на амбасадори.
Советот исто така смета дека корупцијата воопшто, како и корупцијата на високи државни фукционери, е главната причина што младите ја напуштат земјата и заминуват во странство за да обезбедуваат материјални средства за лична и семејна екзистенција.
– Ја повикуваме Владата, раководителите на органите на Владата, државните институции како и лидерите и членството на сите политички парттии од власта и опозицијата, да се борат против минатата и сегашна корупцијата во нивните редови за да конечно државата оди кон вистинстки економски, социјален, финансиски, културен и секаков прогрес од сега до иднината, порачаа од Советот на амбасадори.