„Вчера ние како Совет на родители ја поддржавме иницијативата на одделението VII2 кое беше најпогодено од оваа трагедија. Нивниот став стана став на родителите на училиштето, а добивме и поддршка од претставниците на училиштето“, изјави Ѓорѓевиќ за медиумите.

1. Бараме реконструкција на настанот и објаснување како се случил и како тече истрагата и во која фаза е.

2. Бараме на родителите професионално да им се објасни што ќе биде со момчето бидејќи децата стравуваат дека ќе биде на слобода.

3. Тим од психолози и психијатри кои редовно ќе работат со децата од VII2 одделение без учество на училишниот психолог со цел да се обезбеди непристрасност.

4. Доколку се одлучи да се продолжи учебната година за децата од VII2 одделение, мора да се најде начин да не влегуваат во главниот влез и да имаат настава во една од училниците на малиот влез.

5. Предлагаме целосно реновирање на училиштето до септември.

6. Обезбедуваме целосна поддршка на наставниот кадар.

7. Бараме да се утврди одговорноста на лицата кои ја објавија листата со детски имиња што го обиколи светот како и слики од родители и деца и тие да бидат санкционирани.

Рокот за одговор на државата и надлежните органи е една недела. Целиот Совет на родители на ова училиште застана зад нивните барања.

Овој допис е испратен до МВР, до обвинителството и до сите други надлежни органи. Бараме само да не молчат и да бидеме информирани што се случува по овие прашања, се наведува во барањето на родителите.

Инаку, за денеска најавената комеморација за трагично настраданите ученици од ОУ Владислав Рибникар која требаше да се одржи во Собранието на град Белград е одложена на барање на родителите на убиените деца.