-Еден од позитивните развојни текови кога станува збор за македонското судство е тоа што имаат добри реформи, посебно Врховниот суд и апелациските судови кога станува збор за прашањето за ограничување на максималното траење на постапките, рече претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано на денешната прес-конференција во Скопје.
За тоа колку тужби има од Македонија во врска со дискриминација и жалби до ЕСЧП против Македонија, Спано одговори дека има 300 тужби.
-Целта на оваа посета е да се зајакне дијалогот помеѓу Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) . Дијалозите ќе продолжат, а тоа го покажа и потпишувањето на протоколот 16. Важно е да се продолжи дијалогот, да се зајакне свеста на националните судови и ЕСЧП. Националните судови се гарант дека ќе се почитуваат правата на граѓаните. Сакам да нагласам дека корупцијата е непријател на демократијата. Сакам да сум дел од една континуирана дебата во Европа, кога станува збор за предизвиците и пандемијата која имаше многу последици во различни општества, нагласи Спано.
На новинарско прашање во врска со поднесената тужба до ЕСЧП која се однесува на нечовечно постапување со обвинетиот бизнисмен, Јордан Камчев, Спано појасни дека не е во позиција да дискутира за случајот бидејќи таа постапка трае.
-Не сум во позиција да дискутирам за случајот кој е се уште во тек, односно судови и неговиот регистар обезбедуваат податоци и тоа не е информација што можам да ја споделам, туку е нешто што може да се добие со барањето во регистарот, појасни тој.