Тој посочи дека ќе го реализираат ветеното од предизборната кампања, но и оти ќе ги завршат веќе почнатите проекти.

– Вевчани ќе го вратиме на сите вевчанци. Нема да има поделби и реваншизам. Вевчани е мало место и ќе продолжиме со реализација на проекти за негово разубавување и подобри услови за живот на граѓаните, изјави Кочовски.

Неговиот претходник, Јанковски пак, му посака успешна, чесна и пожртвувана работа, посочувајќи дека Општината ја остава во одлична финансиски состојба, со реализирани и почнати многу проекти.

– Оставаме 542.000 евра обезбедени средства за општина Вевчани од договорот за заем за „Проект за поврзување на локални патишта“, за кој е веќе изготвена и доставена комплетна документација и се чека постапка за тендерирање за повеќе локални улици. Преку средствата од ТАВ 5.300.000 денари се градат шест канализациски линии, а оставаме изработена комплетна техничка документација со ревизија за осум локални улици и патишта, истакна меѓу другото Јанкоски.