Драгана Спасевска за “ТВ Тера Битола“ забележува дека инклузија е далеку од возможна бидејќи нема доволен број на образовни асистенти. Таа истакнува и дека свидетелства од мината учебна година уште нема и дека оваа иницијатива ќе покрене постапка за измени во законот за основно образование и дека паралелно од 1 септември ќе направат бојкот на наставата и масовни протести оти, како што вели ниту едно од нивните барања не биле исполнети.