Највлијателниот весник „Политика“ на 12 септември 2018 пишува за сослушувањето на водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ во Обвинителството во Белград.
Таму Вукотиќ призал дека имал лажен македонски пасош но оти не го користел на територијата на Србија
Македонскиот патен документ со кој бил уапсен во Турција Вукотиќ го користел од април до септември 2018 година во неколку различни земји.
– Вукотиќ изјавил дека често бил проверуван на граничните премини кога користел српски и црногорски пасош поради што решил да набави фалсификувана патна исправа. Ја набавил во Црна Гора, пишува „Политика“.
Веселин Веско Вукотиќ, таткото на Јовица тогаш ги обвини црногорските власти дека не го заштитиле неговиот син и оти дозволиле да биде киднапиран и однесен во трета земја. Веско раскажуваше дека Јовица бил уапсен во изнајмен стан во Анталија и дека таму немал направено никакво кривично дел, освен што допатувал со туѓ пасош но оти Турците тоа не ги интересирало.
Српските власти неколку часа по апсењето пратиле авион по Вукотиќ и го однеле во Србија. Веселин Веско неколку месеци подоцна е ликвидиран пред неговиот дом во Котор а како осомничени се вода припадниците на Кавачкиот клан.
Останува на Министерот Спасовски да одговори на неколку прашања:
Како е можно опозицијата со објавувањето на информациите да ја пробиле акцијата кога криминалци добивале македонски пасоши уште пред три години?
Ако е точно дека Вукотиќ македонската патна исправа ја подигнал во Црна Гора кој му ја доставил и како тој се фотографирал за пасош и дали можеби во пасошот е само вметната негова слика?
Дали е информиран Интерпол ако МВР наводно знаеле дека криминалци со украден идентитет се шетаат низ Европа и светот?