Комуникацијата со граѓаните и решавањето на проблемите на граѓаните во општините ширум државата остануваат еден од главните приоритети на СДСМ, порачаа денеска потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник на Куманово Оливер Илиевски на средба со граѓаните на Романовце и Пчиња.
.- Како одговорна социјалдемократска партија ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, како и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот. Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Куманово е човек од доверба, искрен, чесен, домаќин. Близок до граѓаните, постојано на терен, лесно достапен, имаа слух за потребите и сугестиите на граѓаните, истакна Спасовски.
Потпретседателот на СДСМ потенцираше дел од проектите за кои е сигурен дека кандидатот Оливер Илиевски ќе ги реализира како што се изработка на проект и изградба на канализациона мрежа и реконструкција на училишниот двор, детско катче за Романовце, изградба на водоводна мрежа, дислокација на депонијата, асфалтирање на патот од мостот до Бислимска клисура, изработка на филтер станица за Пчиња.
Оливер Илиевски при посета на селото Пчиња разговараше со жителите за проблемите со кои се соочуваат.
-Ќе изработиме проект за дислокација на депонијата во близина на селото Пчиња, ќе продолжиме со реконструкција и асфалтирање на сите патишта кои се наоѓаат во село Пчиња. Тој додаде дека ќе биде изградена и канализација во село Пчиња која одамна требало да биде направена. Кандидатот за градоначалник посочи и дека ќе мора да се обезбеди и направи систем за наводнување на земјоделските површини, порача Илиевски.
Најави соработка со централната власт и дека ќе бара финасиски средства со цел селото Пчиња да стане модерна и еколошки урбана заедница