Дали КУРТИ се сврте против ВЛЕН?
Претседателот на Собранието во Косово, Глаук Коњуфца, рече дека кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, од редовите на македонската националистичка партија, ВМРО-ДПМНЕ, има антиалбански концепти, затоа не треба да биде поддржана од Албанците. Овие коментари Коњуфца ги даде неколку часа по средбата на лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски, во централниот штаб на коалицијата „ВРЕДИ“ со Арбен Таравари. Коалицијата вреди беше поддржана од премиерот на Косово, Албин Курти.
Коњуфца со тврдење дека Силјановска Давкова има антиалбански концепти
Глаук Коњуфца твреше дека лидерот на Македонската опозиција отиде да бара поддршка за вториот круг од претседателските избори или да обезбеди прелиминарен договор за новата влада на Македонија.
„Колку што лично јас сум ги видел политичките концепти што ги разви Гордана Силјановска-Давкова се многу антиалбански концепти, постои сомнеж за албанското население таму“, рече Коњуфца.„Јас сум многу против овие концепти. Јас би бил против каква било поддршка од кој било Албанец за вакви концепти, бидејќи јас внимателно ги слушав. Тоа е антиалбански концепт што оваа кандидатка сама го објасни“, додаде тој.
Првиот човек на собранието истакна дека тој лично не би преферирал ниту една таква опција, бидејќи, според него, „тоа е на штета на Албанците“.