Откако беа објавени составите на репрезентациите на Македонија и на Шкотска, познат е и официјалниот список на фудбалската селекција на Словенија, која претставува втор противник во завршните два натпревари од Б Дивизијата во Лигата на нациите.
Селекторот на Словенија, Боштјан Цесар, се одлучи во националниот тим да ги повика стандардните репрезентативци, со што составот доаѓа без поголеми изненадувања на списокот.
На овој список не се наоѓа најголемата словенечка ѕвезда, напаѓачот Бенјамин Шешко, кој отсуствува поради повреда, додека сите останати клучни фудбалери се на располагање.
Како дебитант меѓу повиканите играчи за претстојните натпревари се издвојува членот на италијанска Аталанта, Реља Обриќ.
