Николоски најпрво се осврна на претстојните локални избори во градот Прилеп и кажа дел од програмата и ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, кандидатот на СДСМ е истрошен лик и тој смета дека Сугарески е вечен функционер во СДСМ и нема што да понуди за Прилеп и граѓаните

– Тоа се едни истрошени ликови, тоа се ликови кои што немаат што да понудат нити на Прилеп, нити на прилепчани. Затоа сум убеден дека со тимот на советничката листа и со кандидатот за градоначалник ќе имаме убедлива победа после која што ќе може да се реализираат бројни проекти, дел од нив беа претходно наведени. Она што можам да кажам дека ќе имаме силен фокус на Прилеп за тоа што после локалните избори очекуваме промена и на Владата со ново парламентарно мнозинство пред се тука е огромниот капитален проект за автопатско поврзување на Прилеп. Знаете дека Прилеп – Градско беше долго време стопирано од причини кои што се уште се необјасливи за сите нас и не добивме релевантен одговор зошто прекина да се гради експресниот пат. Приоритет за нас е автопатско поврзување на Прилеп како со Градско и Велес односно главната магистрала на Коридорот 10 исто така и со Битола и на тој начин со грчка граница, и со Охрид и со Коридорот 8. Така што Прилеп да стане она што реално е центар на Македонија, да се развива стопански пред се, а и во сите останати дејности, истакна Николоски.

На прашање од новинарите околу извештајот на Ројтерс дека Европската Унија не се согласува за гаранција за членство на Балканот, Николоски зборуваше која е причината зошто Македонија не напредува доволно.

– Македонија не направедува доволно ниту заради спорот со Бугарија, ниту заради методологијата, туку заради корупцијата и заради нарушениот систем на владеење на правото во Македонија и нарушениот социјален здравствен систем во државата, истакна Николоски во денешната посета на Прилеп, децидно одговори Николоски и алудираше дека најголемиот проблем е во властите кои не работат доволно во овие сектори.