Од опозицијата истакнуваат:

-Поради неспособноста и криминогеноста на власта на Заев мафијаши од светот имаат од мвр добиено македонски пасоши со украден идентитет, а нашите граѓани ќе се чудат и стравуваат дали го разбрале низ светот сериозно дописот на Спасовски дека Македонија годинава нема да обновува истечени пасоши. Срамно и бедно, кое ниту во земјите од третиот свет не се случува, ама ете со Заев и Спасовски ни се случува на нас. Патем ако се издаваат некакви лични документи, тоа се прави најчесто по итна постапка и по цена три пати повисока од вообичаената, затоа што власта ги доведува граѓаните до очај да мораат да плаќаат поскапо за да завршат работа. Ако се прашува власта лажна вест е и немаењето сведителства на крајот на годината, и немањето регистарски таблички, и галопирачкиот раст на долгот, и историското ниво на корупција, и контактите на власта со мафијашите и мал милион реални показатели на нивната криминогеност, неспособност и неодговорност

Овие 4 години власт на Заев се изгубени години. Доста е! Додаваат од таму.