Според последните податоци, во Србија во последните 24 часа се регистрирани уште 7.539 новозаразени со Ковид-19.
Од последиците на вирусот починале 17 лица.
Тестирани се 22.193 лица.
На респиратори во болниците низ Србија се 84 пациенти.
Од почетокот на епидемијата во оваа земја се направени 7.372.174 тестови, од кои позитивни биле 1.334.994, а вкупно починале 12.867 лица.