Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Стефан Андоновски, Секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕодржаа средба со Јоана Козма, директор на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Република Македонија.
На средбата од страна на Претседателот Мицкоски беше изразено задоволство за системската поддршка која ИФЕС ја дава на развојот на изборниот систем во Македонија, македонските институции и политичките партии. На средбата беше истакнато дека е важно изборните реформи да се во согласност со вредностите, квалитетите и процедурите во демократските развиени општества. Изборите треба да им овозможат на сите граѓани еднакво и рамномерно учество во изборниот процес, независно каде тие живеат.
Од средбата произлезе взаемен заклучок дека успешната соработка треба да продолжи и во иднина.