Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, во рамки на министерскиот состанок за Западен Балкан во Лондон.
– Благодарност за силната поддршка од САД за започнување пристапни преговори со Европската унија. Остануваме посветени на понатамошното зајакнување на стратешкото партнерство и заедничките заложби за слобода, безбедност и демократски просперитет во регионот, објави Османи на официјалната Фејсбук страница.
Ескобар минатиот понеделник беше во официјална посета на земјава, при што изрази силна поддршка за брза евроинтеграција на Македонија и истакна оти САД работат со европските партнери за да обезбедат тоа наскоро да се случи.